ВМРО-ДПМНЕ: Чистење на електричен и електронски отпад

Во соработка со јавните претпријатија и установи ќе го исчистиме електричниот и електронски отпад во градовите (стари и неупотребливи машини, апарати за фотокопирање, машини, монитори и компјутерски куќишта, печатари, скенери, тастатури, глувци, телевизори, радиоприемници итн.) [Рок: 2013 година]

Образложение:

Во април 2011 донесен е План за управување со отпад од електрична и електронска опрема во Република Македонија со физибилити студија за период 2013-2020год. Истиот месец е донесен и Нацрт закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. Во октомври 2013 година се одржа јавна дебата за Програмата за управување со отпад од електрична и електронска опрема. Целта на овој документ е да даде преглед на тековната состојба назаконските, институционалните и организационите капацитети на земјата за управување со отпадната електрична и електронска опрема (ОЕЕО), да ги дефинира количините на оваа опрема пуштена на пазарот во последните години и да предложи мерки и активности за воспоставување на соодветен национален систем за управување со ОЕЕО.

Иако е дадено до знаење дека откако Програмата ќе биде целосно подготвена, ќе се започне и со теренско чистење на овој отпад, сепак тоа не се случи до крајот на рокот даден за исполнување на ова ветување.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ