ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Далеку, а блиску“

Посветувајќи му особено и безрезервно внимание на македонскиот јазик, традицијата и културата, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди организирање на дополнителна настава за изучување на македонскиот јазик, историјата и културата за деца и возрасни во дијаспората, во поголемите, но и во помалите центри на нивно населување. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Во 2012 и во 2013 година  во Охрид се одржа летниот камп „Ја сакам Македонија“(како дел од проектот „Далеку, а блиску“), во кој се вклучени деца од македонско потекло што живеат во соседните земји, со цел подигнување на познавањето на македонскиот јазик, култура и историја, кај овие деца.

Во декември 2013 година пратеникот Павле Саздов, пратеникот од  дијаспората (американската изборна единица) изјави дека се обезбедени учебници на македонски јазик за четири училишта во црковните заедници во Канада, кои поднеле барања за тоа, како и за четири заедници во САД.

Во јуни 2012 година Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и подари книги и други училишни помагала на Македонската општина на Западна Австралија.

Во изминатиот период се забележани активности во насока на реализација на проектот „Далеку, а блиску“; така што, може да се каже дека ова ветување е исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција