ВМРО-ДПМНЕ: Проект „е-Дијаспора“

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се воведе систем за електронска комуникација на дијаспората со државните органи, на начин кој ќе им овозможи соодветно плаќање за конзуларните услуги, но и за плаќање на сите видови обврски и услуги во Република Македонија. [Рок: 2014]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година не постојат информации дека овој проект е реализиран. Дополнително, проектот воопшто не се споменува во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето [Ажурирано на: 02.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 02.04.2014]

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција