ВМРО-ДПМНЕ: Енергетски ефикасни училишта

Енергетската ефикасност на јавните објекти е глобален проблем во светот, а кај нас тој особено доаѓа до израз во училиштата. Имено, најголем дел од училишните згради се стари, неодржувани, со застарена столарија, застарени системи на загревања, а со самото тоа и екстремно неефикасни. Затоа, ќе се посветиме на создавање на енергетски ефикасни и пристапни училишта. Тоа значи, и во реконструкциите и во градбите, ќе ставиме акцент на квалитетот на изолацијата на објектот за да може што поголем дел од енергијата да се конзервира и да се обезбеди стабилна работна температура, како и пристапност за лицата со посебни образовни потреби. Понатаму, ова мора да биде проследено со замена на досегашните класични извори на енергија кои се скапи и нееколошки, со ориентирање кон експлоатација на обновливи извори на енергија што е тренд секаде во развиениот свет. Со оваа инвестиција ќе се придонесе кон намалување на јавните давачки за енергенси за училишните објекти, од-носно ќе се заштеди на трошоците за струја, нафта, дрва и слично. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: наведен во проектот „Градиме и реконструираме училишта“ [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Проектот за имплементирање на Енергетска ефикасност во образовните институции, започнувајќи од училиштата, е проект поддржан од ГЕФ проектот на Светската банка во соработка со Општините и Министерството за економија кој се спроведува  во неколку фази. Целта на проектот за Енергетска ефикасност во училиштата е користење на енергетско обновливи материјали кои ќе го намалат користењето на електричната енергија, а со тоа и ќе придонесат за заштеда на парични средства. Првото високоенергетско ефикасно училиште, е ОУ. Партеније Зографски во општина Кисела Вода, каде во април 2012 година е завршена целосната реконструкција која опфќа замена на прозорци, фасада и економични светилки. Ваква реконструкција е направена и во низа други општини во Републиката, а проектот продолжува и понатака да се спроведува.

Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција