ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Криволак“
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година ќе почне со реализација на проектот „Криволак“, од аспект на производство на екохрана и енергија од соларни централи во корелација со обезбедување на вода за наводнување (со продолжување на системот Тиквеш или со проект за бунари во алувионите на реката Вардар). [Рок: континуирано до крајот на мандатот]
Образложение:
Изградени се различни предвидени содржини на полигонот Криволак, со што значително се подобрија условите за негова употреба од страна на АРМ, како и од други армии. Инвестирано е и во центарот за сместување Пепелиште, кој е во рамки на полигонот Криволак.
Што се однесува на производство на еко храна и енергија од соларни централи во корелација со обезбедување на вода за наводнување нема информации за реализација на истите.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Криволак – 1.200 км2 воен профит и еколошки ризик [Пристапено на: 07.04.2014]
- „Криволак“ прераснува во регионален центар за обука [Пристапено на: 07.04.2014]
- Криволак ќе стане бојно поле на 15 армии! [Пристапено на: 07.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар