ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Лабаратории“

Во зависност од научната област за која се набавува опремата за лабораторијата, секоја од нив ќе придонесе кон интензивирање на научните истражувања во соодветната област, публикација и размена на добиените резултати, како и овозможување поинтензивен пристап на јавните научни и високообразовни установи до соодветните фондови за поддршка на научно-истражувачката работа. Истовремено, набавените лаборатории ќе обезбедат и поддршка за стопанството на кое ќе му биде обезбедена научна поддршка, есенцијална за неговиот поинтензивен развој. Подетални информации за секоја поединечна лабораторија, опремата која се набавува и придобивките за устано-вата, научниот кадар и општеството во целина можат да се добијат на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во 2012 и 2013 година, во рамки на овој проект, отворени се лабаратории на Факултетот за информатика и компјутерско инжинерство и Природно-Математичкиот факултет во Скопје. Повеќе информации на линковите подолу.

На 16.11.2013 година Премиерот Никола Груевски и Министерот за обрзование Спиро Ристовски во Штип ги презентираа новите лабаратории на Штипскиот Универзитет. Универзитетот „Гоце Делчев“ има и нова лабораторија за радиофармација, за животна средина и лабораторија за микроскопија.

Линкови: 

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција