ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Македонско лоби во ЕУ“

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе отвори канцеларии во главните градови и центри за одлучување на Европската Унија, во кои ќе бидат вклучени влијателни Македонци и пријатели и поддржувачи на нашата држава. Целта на проектот е постојано лобирање меѓу парламентарците и други значајни и влијателни и бизнис-групи, како и постојани средби со европската администрација во насока на придонес кон забрзување на процесот на интеграција. Резултатите од оваа кампања ќе бидат поголема поддршка за Република Македонија од земјите-членки на ЕУ, како и остварување на контакти кои ќе резултираат со дополнителна промоција на нашата држава како атрактивна бизнис-дестинација за европските бизнисмени и финансиери. [Рок: 2014]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година, не постојат информации дека се отворени канцеларии на Република Македонија во главните градови и центри за одлучување на Европската Унија. Дополнително, овој проект воопшто не е споменат во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Од ова може да се заклучи дека ветувањето не е исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција