ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Македонско село“

Активностите за реализација на овој проект се во напредна фаза. Се очекува градбата да започне во јуни 2011 година. Проектот е лоциран во близина на Манастирот „Свети Пантелејмон“ во близина на Скопје и вклучува изградба на 12 автентични куќи од различни региони од Македонија, како и други придружни објекти: воденица, ан, меана, музеј, амфитеатар итн. Проектот „Македонско село“ ќе им овозможи на домашните и на странските туристи да видат автентични македонски куќи и други објекти и да се запознаат со традиционалниот начин на живот и со македонските занаети. На тој начин ќе се збогати туристичката понуда во градот Скопје и во Република Македонија. [Рок: 2012]

Образложение:

Во јуни 2011 година е започната изградбата на македонското село кај манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во село Нерези.  [Ажурирано на: 20.12.2011]

И покрај тоа што изградбата на овој комплекс се најде на списокот на проекти опфатени со најновиот ребаланс на буџетот, од министерството за економија уверуваат дека кратењето на одредени средства нема да ја попречи успешната реализација на овој проект. Според информациите од теренот, комплексот интензивно се гради. [Ажурирано на: 08.05.2012]

И покрај тоа што рокот за исполнување на ова ветување е истечен, оваа туристичка атракција се уште не е завршена. Градежните работи се во тек, а според најновите информации од Министерството за економија, виртуелното село ќе биде пуштено во употреба во мај 2013 година. Според тоа, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 25.01.2013]

Изглед на „Македонско село“
Изглед на „Македонско село“

Линкови:

Оценете од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција