ВМРО-ДПМНЕ: Проект „НАТУРА 2000“

Ќе извршиме идентификување на заштитените подрачја кои ќе бидат предложени да влезат во еколошките значајни подрачја за Европската унија мрежата НАТУРА 2000. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Информации за реализација на ова ветување сеуште нема. Тоа што може да се заклучи од достапните информации во Отчетот за работењето на Владата на Р. Македонија, е дека тоа што до сега  е направено за остварување на овој проект е одобрението од  ИПА , ТАИБ 2011 во висина од 1,4 милиони евра преку кој ќе се спроведат активности за идентификување на заштитените подрачја кои ќе бидат предложени да влезат во еколошките значајни подрачја за Европската унија мрежата НАТУРА 2000.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери страна 254, [Пристапено на: 13.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција