ВМРО-ДПМНЕ: Осоговските Планини – заштитено подрачје

Ќе прогласиме делови од Осоговските Планини за заштитено подрачје и ќе донесеме Планови за нивно управување. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Во Февруари 2013 година одржана е трибина на тема “Студија за валоризација со предлог за формирање заштитен предел-Осоговски планини“ како и отварање на постапката за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје. На трибината, било посочено дека овој проект е еден од приоритетите на Владата на РМ како и на Министерството за животна средина и просторно планирање, но не е спомената временска рамка кога се очекува Осоговските планини да бидат прогласени за заштитено подрачје. Во отчетот на Владата на РМ за сработеното 2011-2014 година, се напоменува дека постапката за  прогласување е веќе започната и дека во тек се консултации со градоначалниците на општините во тој регион.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција