ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Прашај ги надлежните“

Преку Македонската телевизија еднаш неделно ќе се емитуваат дебатни контактни емисии во кои ќе бидат застапени подеднакво сите плански региони преку Општинските центри за граѓански услуги и Центрите за рамномерен регионален развој. Преку контактниот центар ќе се овозможи граѓаните да поставуваат прашања и да ги пријавуваат своите проблеми кои понатаму ќе бидат проследувани до надлежните во централната и во локалната власт. [Рок: 2012 година]

Образложение: 

Овој проект беше реализиран на крајот на 2012 година. Се емитуваше на Македонската радио и телевизија, како емисија во која гостуваа голем број на градоначалници како и претставници на останатите институции од областа на локалната самоуправа.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција