ВМРО-ДПМНЕ: Саеми на трудот

Во планските региони, два пати годишно во соработка со Агенцијата за вработување ќе го обединуваме интересот на работодавците и на лицата кои бараат работа. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Заменик Министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски, во едно свое интервју во 2012 година, напомена дека Министерството за локална самоуправа заедно со Агенцијата за вработување интензивно работат на проектот со кој ќе се отворат 16 „Саеми на трудот“ ширум земјата. Планот опфаќа одржување на 2 вакви саеми во годината во 8те плански региони. Првиот саем на трудот во Источна Македонија е одржан во Штип како пилот проект на Министерството за локална самоуправа, а во соработка со неколку министерства, Центарот за развој на источно планскиот регион, ГТЗ-Редем и Општина Штип. Пред 3 месеци во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворен првиот дводневен саем на кариера и вработување, проект на УСАИД „Младинска мрежа“ за стекнување вештини при вработување заедно со Центарот за вработување од Прилеп и локалната самоуправа.

И покрај превземените чекори, не можеме да кажеме дека ова ветување е исполнето, бидејќи од предвидените 16 саеми годишно, организирани се само неколку.

Линкови:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција