ВМРО-ДПМНЕ: „Секаде безбедни“

Зголемувањето на чувството на сигурност, превентивно дејствување, но и поголема ефикасноста при расчистување на кривичните дела во сите области остануваат на врвот на листата на приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Со завршување на проектот „Безбеден град“ ќе се овозможи 24-часовен безбедносен видео-надзор во најфреквентните делови на Скопје, Kуманово и Тетово. [Рок: јуни 2012]

Преку потпишување на договори за меѓународна размена, врз основа на реципроцитет, ќе се овозможи престој на полициски службеници од Македонија во соседните земји и земјите каде во одредени периоди (годишни одмори, празници итн.) престојуваат поголем број македонски државјани.

Образложение:

Досега се потпишани договори за соработка и меѓународна размена со Србија, Црна Гора и Хрватска. [Ажурирано на: 03.07.2012]

Во склоп со проектот „Безбеден град“ над 600 полициски камери се поставени во Скопје, Тетово и во Куманово. Според официјалниот документ на ВМРО-ДПМНЕ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, овозможен е 24 часовен видео надзор во Скопје и во Куманово, а во следната фаза ќе биде опфатено и Тетово. Со оглед на тоа дека рокот за отпочнување на видео надзорот во трите града е јуни 2012 година, а надзорот е отпочнат само во два града, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 11.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција