ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Со наука до нови фабрики“

Со донесувањето на новиот Закон за поттикнување и помагање на технолошкиот развој се постави јасна основа за кофинансирање од страна на државата во процесот на развојот на технологиите, иноваците, информациските икомуникациските знаења како и трансферот на знаења и вештини (know-how).Со ова ќе се стимулираат компаниите во Република Македонија, во соработка со научните работници од високооб-разовните установи да аплицираат со проекти за развој на нови технологии и трансфер на знаење и искуства од технолошки понапредни земји, со што, преку имплеметација на овие проекти ќе се креираат нови работни места и ќе се овозможи побрз и подинамичен раст и развој на компаниите.Со отворањето на можноста за кофинансирање на проекти за развој на сопствени и нови технологии и ефектуирање и примена на иновациите, ќе се поттикне отворањето на нови производствени капацитети и ќе се создадат нови можности преку проекти за поттикнување и помагање на технолошкиот развој за креирање на нови работни местаи одржување на постојните. Со овој тип проекти ќе се фундираат силни врски помеѓу бизнисот и науката што е една од основните предпоставки за реализација на принципот на економија базирана на знаење и технолошки базиран економски раст. За оваа цел, во буџетот на Република Македонија ќе се предвиди посебна буџетска програма. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за поттикнување и помагање на технолошкиот развој е донесен во 2008 година. Од тогаш само две години од Министерството за образованиеи наука се доделувани средства за поттикнување и помагање на технолошкиот развиј во 2009 година и 2011 година. Во 2012 година е донесена и стратегија за иновации во Република Македонија. Освен овие средства, во ветувањето не е јасно објаснето на кој начин ке се поттикнува технолошкиот развој и како тој ќе допринесе до отварање на нови фабрики, односно колку време е потребно овој процес да додје до посакуваната цел.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција