ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“

vmro-dpmne-logo

Преку проектот „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“, ќе продолжиме со отстапување на цели касарни или делови од касарни и други недвижности (караули, магацински групи, деловни простории и сл.), со што ќе дадеме свој придонес за забрзан локален економски развој во општините опфатени со овој проект. По финализирањето на проектот за општините: Радовиш, Делчево, Дебар, Дојран и Гевгелија, до крајот на 2011 година, Армијата на Република Македонија целосно ќе се повлече и од касарните во општините: Охрид, Битола, Струмица и Куманово (една касарна). [Рок: 2011

Во интерес на локален економски развој на општините: Аеродром, Велес, Карпош, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп, ќе извршиме отстапување на дел од земјиштето во касарните од овие општини, по завршување на процесот на урбанизација од страна на наведените ЕЛС. Во рамките на овој проект ќе бидат отстапени 38 караули.

Образложение:

Според информациите, касарната во Струмица е отстапена уште во 2009 година, касарната во Куманово во 2010 година, а касарните во Битола и во Охрид во 2011 година. [Ажурирано на: 29.03.2012]

Во официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 (страна 183), стои дека реализацијата на овој проект е во тек, со тоа што се уште се преземаат активности за завршување на проектот во Струмица и Дојран, иако рокот за овие градови беше 2011 година и е истечен. Со оглед на тоа што овој проект не е завршен во сите градови во предвидениот рок, ова ветување се карактеризира како делумно исполнето. [Ажурирано на: 19.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *