ВМРО-ДПМНЕ: Стратешки карти за бучава за сите агломерации, главни патишта, железнички пруги и аеродроми

Ќе изработиме Стратешки карти за бучава за сите агломерации, главни патишта, главни железнички пруги и главни аеродроми на територијата на Република Македонија. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Според Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, ова ветување спаѓа во делот на неостварени ветувања. Според достапните информации, стратешки карти за бучава за сите агломерации, главни патишта, главни железнички пруги и главни аеродроми на територијата на Република Македонија е планирано да се изработат во 2016 година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на: 12.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција