ВМРО-ДПМНЕ: Училишни првенства во голем фудбал

Со реализација на проектот „50 фудбалски игралишта“ ќе се овозможи масовно и поквалитетно организирање на училишни првенства во голем фудбал. Овој проект започна да се спроведува во 2011 година и уште првата година имаше огромен одѕив помеѓу учениците. Со неговата понатамошна имплеметација ќе придонесеме за создавање на млади талентирани фудбалери, успешни училишни фудбалски екипи и современ систем на натпреварување во средните и во основните училишта, а преку тоа и за развивање на спортскиот дух помеѓу учениците. Проектот ќе продолжи континуирано да се реализира и во следните години. [Рок: 2015 Година]

Образложение:

Училишните првенства во голем фудбал започнаа во учебната 2010/2011 година и одтогаш континуирано се организираат секоја година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција