ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Учиме за ИПАРД“

Со напредокот на Република Македонија кон Европската унија, се отвораат голем број фондови кои може да ги користи не само државата, туку и граѓаните. Еден од тие фондови е ИПАРД, кој овозможува кредитирање и помош за руралниот развој и развој на земјоделството. Како надополнување на активностите на Агенцијата ИПАРД, Владата ќе спроведе поопширна кампања која ќе вклучува и промоција на бесплатен телефон на кој секој ќе може да ги добие потребните информации за средствата од ИПАРД. На овој начин ќе се зголеми искористеноста на претпристапните фондови во Република Македонија и граѓаните значително повеќе ќе ги почувствуваат придобивките од прогресот кон Европската унија. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Според информациите, како дел од овој проект беше изработен акционен план за спроведување на кампањата „Учиме за ИПАРД“. Спроведувањето на овој акционен план за целна група ги имаше учениците од средните земјоделски училишта кои во своите наставни содржини ги вклучуваат секторите кои ги поддржува ИПАРД Програмата. На одржаните презентации присуствувале вкупно 408 ученици и наставен кадар. Покрај ова, беа преземени и повеќе други активности во насока на приближување на ИПАРД до граѓаните. Дополнително, воведена е и бесплатната телефонска линија 0800 12121 на која граѓаните може ги добијат потребните информации за средствата од ИПАРД. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција