ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Условени парични трансфери“

Врз основа на Програмата од 2008 година ветивме и отпочнавме со реализација на проектот за Условени парични трансфери. Проектот има за цел да им се помогне на семејствата корисници на социјална парична помош што имаат ученици средношколци со цел овозможување на финансиска помош и поддршка, како и повисока стимулација за запишување и редовно посетување на средното образование, како предуслов за излез од кругот на сиромаштијата. Проектот вклучува доделување на 1.000 денари неповратна финансиска помош секој месец на економски ранливите социјални групи, под услов редовно да ги испраќаат децата на училиште. Во следните четири години ќе продолжиме со доделувањето на финансиската помош за оваа намена. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Според информациите од Mинистерството за труд и социјална политика, финансиската помош за оваа намена и понатаму се доделува. [Ажурирано на: 07.09.2012]

Во изминативе три години, според информациите од Mинистерството за труд и социјална политика, финансиската помош за оваа намена била доделена на:

  •  8490 корисници – 2011/2012 година
  • 7286 корисници – 2012/2013 година
  • 6230 корисници. – 2013/2014 година

[Ажурирано на: 12.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Мкаедонија земја на еднакви можности “, за проектот „ Условени парични трансфери Брана Конско, Гевгелија“ е наведено дека Програма за условен паричен надоместок за средно образование се носи секоја учебна година:

Во моментов се спроведува Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2013/2014 година. Годишно, со овие програми во просек се опфаќаат по 10.000 ученици, кои добиваат по 12.000 денари годишно. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето „Условeни парични трансфери“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција