ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Вардарска Долина“

Со овој проект се предвидува изградба на 12 хидроелектрични централи на потегот Скопје-Гевгелија, со вкупна инсталирана моќност од 320 МW. Со овој проект предвидени се и активности за изместување на пругата на нов, побрз коридор, како и изградба на системи за наводнување на над 70.000 хектари земјоделско земјиште. Инвеститор на проектот ќе биде Владата која директно ќе обезбеди 15% од потребните средства, додека останатите ќе бидат кредитно задолжување од Кинеската развојна банка. Вкупната вредност на овој проект е помеѓу 1,2 и 1,5 милјарди евра, и за време на неговата реализација ќе бидат обезбедени директни вработувања за 3.000 луѓе коишто ќе работат на градењето на објектите и над 10.000 индиректни вработувања во помошните индустрии. Поради комплексноста на проектот како и неговата големина, предвидено е истиот да се реализира во три до четири фази, во зависност од исплатливоста на секоја фаза и можноста на државата за задолжување. Целосно реализацијата на овој проект ќе трае од 2013 до 2025 година. Со неговото реализирање, конечно ќе се оствари вековната амбиција на целосно искористување на потенцијалот на реката Вардар. [Рок: 2013-2025]

Образложение:

Според изјавата на министерот за економија, Ваљон Сарачини, тендерот за Вардарската долина е во подготовка. Во тек е изготвување на предфизибилити студија.  [Ажурирано на: 25.04.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Енергетика “, за проектот „ Вардарска долина “ е наведено:

Изработена е нова физибилити-студија од страна на АД ЕЛЕМ, која покажува дека за целосна реализација на проектот се потребни 1,9 милијарди евра. Тоа вклучува и средства за дислокација на железничката пруга по Коридорот 10. Со оглед дека износот на средства ги надминува финансиските можности на Република Македонија, се прават анализи за модалитетите за реализација на проектот. [Ажурирано на:12.04.2014]

Бидејќи ветувањето: „Вардарска долина“ е со рок на исполнување 2015 година, кој го надминува и регуларниот мандат на владата ова ветување се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција