ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Волонтирање“

Преку овој проект ќе се охрабрат младите за волонтерски акции за помош на стари, хендикепирани и изнемоштени лица. Ќе се организираат и хуманитарни акции за донации на облека и парична помош за фамилиите што примаат социјална помош. Агенцијата за млади и спорт во соработка со Минстерството за образование и наука ќе организира акции  за собирање на спортска опрема и книги кои ќе бидат  донирани во помалку развиените општини иградови во Република Македонија. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Начинот на кој би се спровел овој проект кој е даден во ветувањето и начинот на кој е оценето ова ветување во Отчетот на Владата на РМ за оствареното 2011-2014 не се совпаѓаат. Ветено е дека младите ќе учествуваат во волонтерски акции за помош на стари и изнемоштени и хендикепирани лица и ќе се оргазнизираат и хуманитарни акции за донација на облека и парична помош. Во Отчетот за овој проект е наведено дека студентите земале учество само во спортски манифестации. Единствената реализирана точка според ветувањето е донацијата на спортска опрема и реквизити во домовите за деца без родители од страна на Агенцијата за млади и спорт во која учествувале студенти од Филолошкиот фаултет.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција