ВМРО-ДПМНЕ: Проект за реконструкција на локалните патишта

Во рамки на проектот за локални патишта, досега завршена е реконструкцијата на 62 локални патишта во должина  од 140 км, во вкупна вредност од околу 575 милиони денари. Во тек е реконструкција на 35 локални патишта со  вкупна должина од 77,53 км во вредност од околу 349 милиони денари. Реконструкцијата на овие локални патишта треба да заврши во месец јуни 2011 година. Следи реконструкција на дополнителни 123 локални патишта, со вкупна  должина од 264.28 км во вредност од околу 1,4 милијарди денари, кои ќе бидат завршени во 2012 година, а останатите локални патишта се планира да завршат во текот на 2013 година.  [Рок: септември 2011 – октомври 2013 година]

Образложение:

Во рамките на овој проект, на 24 март 2012, беше пуштен во употреба делницата Раштак-Црешево, како дел од патниот правец Раштак-Сингелиќ.

На 19 јануари 2012, беше пуштен во употреба патот до населеното место ц. Штавица, Прилеп.

На 18 декември 2011, беше пуштен во употреба патот  Зелениково- Ново Село

На 08 ноември 2011, беше пуштен во употреба патот во населеното место Визбегово.

Започна да се асфалтира локалниот пат Прибилци- Ново Село, Демирхисарско. Се асфалтира делница долга 3 км, која се очекува да биди завршена за 3 дена. [Ажурирано: 13.06.2012]

Во рамките на ова ветување, предвидена е реконструкција на локалниот пат Струмица- село Попчево.  На почеток на месец јули 2012, реконструкцијата на овој патен правец влезе во завршна фаза. [Ажурирано: 06.09.2012]

На ден 26 јануари 2013 година, беше пуштен во употреба  новиот магистрален пат Радовиш-Струмица, во должина од 10 км. [Ажурирано: 01.02.2013]

Во јули 2012 година Владата информираше дека како дел од Програмата за изградба и реконструкција на локалните и регионалните патишта  во 2011година се завршени 76 локални патишта во вкупна должина од 155 километри, а заклучно со јуни 2012 година се завршени 24 локални патишта во вкупна должина од 45 километри. [Ажурирано: 11.04.2014]

На крајот од декември 2013 година министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески изјави дека 2013 година завршува со изградена и обновена локална патна инфраструктура  од 144 километри, а во 2014 година ќе се доизградат уште 70 километри. [Ажурирано: 11.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Инфрструктура“, за проектот „ Реконструкција на локални патишта “, е наведено:

Во периодот август 2011 до февруари 2014 година, завршена е реконструкцијата на 225 локални патишта во должина од 428,97 км, во вкупна вредност од околу 2,1 милијарди денари.

Во тек е реконструкција на 24 локални патишта со вкупна должина од 53,83 км во вредност од околу 354 милиони денари.

Иако, се превземени значителни активности за реализација на проектот, сепак, бидејќи тој не е завршен во целост (според проектираниот рок требеше да финишира октомври 2013 година), ова изборно ветување е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција