ВМРО-ДПМНЕ: Програма ИПАРД

Ќе продолжиме со подготовки за акредитација на останати мерки од Програмата ИПАРД, односно мерката за техничка помош за која очекуваме акредитација до крајот на 2011 година. Со акредитација на оваа техничка мерка ќе се овозможи зајакнување на капацитетите на Агенцијата ИПАРД и Телото за управување во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за имплементација на останатите веќе акредитирани мерки од програмата ИПАРД, како и овозможување на спроведување на активности поврзани со акредитација на нови мерки со цел да се зголеми апсорпциониот капацитет на јавната администрацијата за користење на средства од петтата компонента на ИПА – ИПАРД. Исто така оваа мерка ќе придонесе за зголемување на информираноста на крајните корисници за можностите и користите што ги нуди програмата ИПАРД. [Рок: 2011]

Образложение:

На официјалната страна наменета за ИПАРД програмата во Македонија, во делот со мерки, може да се пронајдат трите мерки за кои што досега Македонија има добиено акредитација, мерката за техничка помош се уште ја нема. Во првиот оглас за ИПАРД за 2012 година објавен од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, исто така не е предвидена мерката за техничка помош. Во изјава дадена за медиумите на 15.03.2012, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, изјавува дека Македонија се уште чека на добивање на одобрение од Европската Унија  за имплементирање на новата мерка за набавка на земјоделска механизација. Според ова, може да се заклучи дека акредитација за мерката за техничка помош (мерка 501) не е добиена во 2011 година. [Ажурирано на: 09.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција