ВМРО-ДПМНЕ: Програма за подобрување и следење на квалитетот на млекото

Ќе подготвиме и ќе реализираме повеќегодишна програма со ефикасни мерки и прецизни индикатори за подобрување и следење на квалитетот на млекото со цел постепено усогласување со бараните европски стандарди. За надгледување на процесот ќе се формира координативно тело составено од претставници на засегнати страни. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за ветеринарство и храна. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Во јануари 2013 година, со цел подобрување на квалитетот на млекото, Владата на РМ ја усвои Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото за периодот 2013-2020 година. Дополнително, најавено е отворање на две нови лабаратории во Штип и Битола каде ќе се контролира квалитетот на млекото и млечните производи во Република Македонија. [Ажурирано на: 14.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција