ВМРО-ДПМНЕ: Промоција на македонското археолошко културно богатство

Промоција на македонското археолошко културно богатство преку организирање на туристички групи од земјата и странство кои активно би се вклучиле во реконструкцијата и реставрацијата на објекти од културно-историско значење, би вршеле помошни активности при работата на стручни лица како и при вршењето на археолошки ископувања од страна на тимови од археолози. [Рок: континуирано]

Образложение:

Нема информации дека ова ветување е исполнето. Дополнително, овој проект воопшто не е споменат во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Според тоа, може да се заклучи дека овој проект не е реализиран. Ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција