ВМРО-ДПМНЕ: Промоција на национални брендови на нови алтернативни пазари

Ќе организираме и ќе поддржуваме програми за промоција на национални брендови на нови алтернативни пазари (Русија, Кина, Блискиот Исток и др.), и домашни маркетиншки кампањи за производите со ниска национална потрошувачка, како што е на пример виното (поради потребата за подобрување на имиџот на винска земја). Кампањите организирани и спроведени од националните здруженија и национални асоцијации на производители ќе бидат значително кофинансирани преку годишните програми за финансиска поддршка по претходно одобрена програма. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Во изминатиов период преземени се повеќе активности во насока на промоција на националните брендови во Русија, Кина и други пазари. Во октомври 2012 година Владата на РМ донесе одлука за финансиска поддршка на македонските земјоделски производи и брендови на саемски манифестации во Русија, Кина и Германија. [Ажурирано на: 13.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција