ВМРО-ДПМНЕ: Развивање на религиозниот туризам

Во функција на културниот туризам е и религиозниот туризам со посебен осврт на промоцијата на Охрид како „Балкански Ерусалим“ во земјите каде што живеат словенски народи. Ќе продолжиме со светска промоција на разновидноста на нашите религиозни објекти во чиј домен спаѓаат црквите, манастирите, џамиите и другите сакрални објекти. [Рок: континуирано]

Образложение:

По пребарување на темата на ветувањето, не се најдени никакви информации. Ова ветување не е спомнато ни во Отчетот и поради тоа се оценува како неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција