ВМРО-ДПМНЕ: Развој на фамилијарни бизниси во руралните средини

Ќе го стимулираме развојот на фамилијарни бизниси или остварување на дополнителни приходи од земјоделски и неземјоделски дејности со можност за самовработување особено во калемарство, пчеларство, цвеќарство, занаетчиство, руралниот туризам итн., преку кофинансирање на проектите за диверсификација на активностите во руралните средини. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Во изминатиот период беше обезбедена  мерка 302 – Диверсификација на активностите во руралните средини, како дел од ИПАРД-програмата наменета за кофинансирање со најмалку 50% на проектите кои вклучуваат развој на фамилијарни бизниси или остварување на дополнителни приходи од земјоделски и неземјоделски дејности. Проектите од оваа мерка што обезбедуваат можност за самовработување особено се однесуваат на проекти во калемарството, пчеларството, цвеќарството, занаетчиството, и сè поактуелниот рурален туризам. За оваа мерка се обезбедени средства во висина од 7,5 милиони евра и за истата редовно се објавуваат огласи.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: