ВМРО-ДПМНЕ: Редовни контакти со македонската дијаспора

vmro-dpmne-logo

И во наредните четири години посветено ќе работиме на зачувувањето на посебноста на Македонците во рамките на државите во кои живеат, како и на зачувување и афирмирање на македонскиот културен, јазичен и национален идентитет. Преку редовните контакти со македонската дијаспора ќе ги зацврстиме врските на македонските иселеници со Република Македонија преку стимулирање и помагање на процесите на поврзувањето на нашите иселеници со татковината, продолжување на редовните средби со иселениците во Македонија, како и средби во нивните заедници. [Рок: континуирано*]

Образложение:

Досега се остварени повеќе средби со македонската дијаспора од страна на претставници на Владата на РМ или пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *