ВМРО-ДПМНЕ: Регионален пат Македонски брод – Скопје

Со изградба на делница од Коломот до мост во село Близанско во должина од 8,4 км и ширина на коловоз од 6 метри, овој регионален пат ќе се обезбеди квалитетна и континуирана патна врска на Поречието со главниот град Скопје. Вредноста на проектот е 8,2 милиони евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: октомври 2011 година]

Образложение:

Иако овој патен правец е завршен се уште не е пуштен во употреба.  Поради тоа на 17 декември 2011 година, Поречани протестираа

Патниот правец Македонски брод – Скопје, не е пуштен во употреба во рокот кој е поставен во ветувањето. Потврда за тоа е и Отчетот на министерството за транспорт и врски, бидејќи во делот на завршени проекти не е објавен овој регионален пат, иако според ветувањето требаше да биди завршен во октомври 2011 година. Овој проект не е споменат ни во Отчетот на Владата за 2011-2012

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција