ВМРО-ДПМНЕ: Регионален пат од Илинден до место Калуѓерец

Реконструкцијата на 19 км од оваа патна делница значително ќе ја подобри комуникацијата на неколку населени места кон главниот град како и кон туристичките и археолошките локалитети во Марков манастир и во Говрлево. Со реконструкцијата на оваа делница ќе се обезбеди квалитетна врска помеѓу општина Илинден, населбите Јурумлери, Долно Лисиче, како и кон Нова Брезница. Вредноста на проектот е 2,4 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Светска банка, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: јуни 2011]

Образложение:

На крајот на месец јули пуштен е во употреба реконструираниот регионален пат од Илинден до Калуѓерец со што ова ветување е исполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција