ВМРО-ДПМНЕ: Регионални иницијативи

Република Македонија ќе ги засили своите активности во рамките на регионалните организации како што е Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, Централно-европската иницијатива и други. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи и за членство на Република Македонија во Јонско-јадранската иницијатива, како организација која има и регионална и европска димензија. Република Македонија ќе биде отворена за разгледување на сите предлози и идеи за продлабочена регионална соработка, особено со земјите од непосредното и поширокото соседство, а согласно со нашите државни интереси.

Образложение:

Република Македонија зема активно учество во рамките на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа и Централно-европската иницијатива. Во периодот помеѓу јуни 2012 и јуни 2013 година, Република Македонија претседаваше со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Заклучно со март 2014 година, Република Македонија сеуште не е членка на Јонско-јадранската иницијатива. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција