ВМРО-ДПМНЕ: Регионални лаборатории за испитување на хигиена и квалитет на млекото

Ќе поддржиме формирање на уште две регионални лаборатории за јужниот и за источниот дел од Македонија за испитување на хигиена и квалитет на млекото заради соодветно покривање на целата територија на државата што ќе ги намали трошоците и ќе го забрза времето за анализа на млекото. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука. [Рок: 2012 – 2014]

Образложение:

Во октомври 2012 година беше отворена лабораторија за испитување и анализа на квалитетот на млекото во Битола. Во април 2013 година беше објавен јавен повик за користење на техничка поддршка за инвестиции во лаборатории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово. Според најавите, лабораторијата во Штип треба да започне со работа наскоро. [Ажурирано на: 06.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „Регионални лаборатории за испитување на квалитет на млекото“ е наведено:

Во насока на формирање на уште две регионални лаборатории за испитување на хигиена и квалитет на млекото во јужниот и за источниот дел од Македонија, Министерството за земјоделство спроведе јавен повик и склучи договори за набавка на лабораториска опрема со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и со Државниот универзитет во Тетово. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Со оглед на тоа што до април 2014 проктот не е целосно реализиран, ветувањето: „Регионални лаборатории за испитување на квалитет на млекото“, е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција