ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на патот Дојран – Струмица

„Реконструкцијата на 24,7 км од оваа делница ќе придонесе за побрз економски развој во регионот особено за развој на туризмот во Дојран. Преку оваа делница ќе се обезбеди поквалитетна комуникација помеѓу Струмица, Костурино, Стар и Нов Дојран, како и кон граничните премини во Дојран и во Ново Село. Вредноста на проектот е 2,7 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Светска банка, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонијa.“ [Рок:  Јуни 2011]

Образложение:

Реконструкцијата на оваа делница е започната во април 2009 година. Не постојат конкретни информации за кога е завршена и пуштена во употреба, но до декември 2011 година, реконструкцијата на делницата е финализирана.

Реконструирањето на овој патен правец е наведен и во Отчетот на Министерство за транспорт и врски  на Р.Македонија од 2011 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска