ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и изградба на административна зграда на Министерството за транспорт и врски

vmro-dpmne-logoНадградбата и реконструкцијата на управната зграда на Министерството за транспорт и врски е во тек. Со реализацијата на овој проект ќе се добие поголема функционалност и ефикасност на работата во Министерството, со тоа што сите органи што се во состав на Министерството ќе бидат во една иста зграда.  [Рок: 2014 година]

 

 

Образложение:

Градежниот зафат на  административната зграда на Министерството за транспорт и врски  започна на крајот од 2011 година, а според првичните проекции  реконструкцијата требаше да биде завршена  за една година. Во изминатите четири години неколку пати се пролонгираше рокот за нејзината реализација. Најпрво поради статиката,  потоа  поради проблеми со темелите, а имаше и корекции во проектната документација. [Пристапено на: 04.12.2015]

 

Овој објект, инаку, е лоциран на плоштадот „Филип Втори“ и го прати  стилот на владиниот проект „Скопје 2014“ . На барокната фасада треба да бидат поставени 10 скулптури, ќе бидат изведени релјефи, а ќе се монтира и монитор. Реновирањето на зградата досега чини околу шест милиони евра.

Според последните најави од Министерството за транспорт и врски, реконструкцијата  на управната зграда конечно ќе биде готова за два месеца,  односно до крајот на јануари 2016 година.

 

Во моментот северозападната фасада се изработува од камен со постојана хомогена структура, константна боја и отпорност на атмосферски влијанија со камени плочи. Југоисточната фасада финално се обработува со фасадна боја изработена врз база на синтетички смоли и растворувачи.  Извршена е целокупна санација на бетонските јадра и зајакнати се темелните плочи на објектот. Зградата е надградена за дополнителни 2 ката со челична конструкција. Во моментот во финална фаза на изведба се гипсарските работи и фасадерската обработка”     [Пристапено на: 04.12.2015]

 

 

Иако реконструкцијата на зградата на Министесртавото за транспорт и врски  се наоѓа пред конечна реализација, сепак, со оглед на тоа што веќе се пробиени и последните изборни проекции за финиширање на проектот (2014 година), ова изборно ветување се оценува како  делумно исполнето.

 

Линкови:

 

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција