ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и опремување на воспитно-поправен дом Тетово

Реконструкција и опремување на воспитно-поправен дом Тетово со изградба на нов комплекс со површина од 2640 м2 и капацитет од 84 места. [Рок: јули 2015]

Образложение:

Во изминатиот период беше склучен  договор за изведување на градежните работи за изградба на објектите во Воспитно-поправниот дом во Тетово. Во текот на месец август 2013 година, од страна на Министерството за правда избрана беше компанија која ќе го гради домот. Информации за понатамошниот развој на настаните околу изградбата на домот нема.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

„Жикол“ ќе го гради новиот Воспитно – поправен дом во Тетово