ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и опремување на Затвор Куманово

vmro-dpmne-logo

Реконструкција и опремување на Затвор Куманово, каде ќе се доврши изградбата на објекти во вкупна површина од 5500 м2 и капацитет од 250 лица. [Рок: декември 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Управата за извршување на санкциите. Од таму ни беше одговорено дека изградбата на Затворот Куманово во село Кшање е во завршна фаза и се очекува затворот да биде пуштен во употреба кон средината на 2013 година:

Управата за извршување на санкциите постапувајќи по Вашето барање, Ве информира дека изградбата на затворот Куманово, која се врши во с. Кшање, Општина Куманово започна во мај 2011 и е во завршна фаза. Исто така, Ве информираме дека во тек е постапката за јавна набавка на опрема за опремување на Затворот и се очекува во средината на 2013 година Затворот Куманово да биде пуштен во употреба.

Вкупната површина на сместувачките и придружните капацитети на Затворот Куманово изнесува 5500 м2 со капацитет од 250 лица. При градба на Затворот Куманово употребувани се материјали кои ја зголемуваат енергетската ефикасност на објектите, почитувани се стандардите за заштита на животната средина и максимално се користат природните енергетски ресурси, односно во целост се испочитувани еѓународните стандарди за издржување на кацната затвор на осудените лица.

Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ветувањето е истечен, а градежните работи се уште се во тек, ова ветување се оценува како делумно исполнето.  [Ажурирано на: 27.02.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *