ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на 110 kV далековод ХЕЦ Козјак – ТС Скопје 3

Ќе ги завршиме активностите за реконструкција на 110 kV далековод ХЕЦ Козјак – ТС Скопје 3, со кој ќе се овозможи приклучок на новата ХЕЦ Св. Петка. Вредноста на проектот е 1,5 милиони евра и се планира да биде завршен до крајот на 2011 година; [Рок: 2011]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, проектот за реконструкција на 110 kV далековод ХЕЦ Козјак – ТС Скопје 3 е се уште во фаза на изведување. Со оглед на тоа дека рокот предвиден за завршување на активностите е 2011 година, а тие се уште се во тек, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 11.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција