ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на 110 kV далековод ТС Скопје 1 – ТС Куманово 1
Во првата половина на 2012 година ќе се заврши со реконструкција на 110 kV далековод ТС Скопје 1 – ТС Куманово 1, инвестиција вредна околу 1 милион евра, со што ќе се зголеми пропусната моќност на постојниот далекувод. [Рок: прва половина на 2012]
Образложение:
Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, проектот за реконструкција на далеководот ТС Скопје 1 – ТС Куманово 1 се уште е во тек и не е комплетиран, иако рокот за тоа веќе е истечен. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 11.09.2012]
Линкови:
- Влада на РМ (20.07.2012): Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 11.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар