ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на регионалниот пат Анѓелци-Вељуса

ВМРО-ДПМНЕРеконструкцијата на оваа делница во должина од 3,1 км со ширина на коловоз од 6 метри ќе овозможи поврзување на населените места Анѓелци, Вељуса и понатаму кон Водоча и Баница. Вредноста на проектот е 700 илјади евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално  кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: април 2012]

Образложение:

Подготвителните активности за асфалтирање на регионалниот пат Ангелци – Вељуса се започнати на 7.07.2011 година, но не постојат информации зошто не се завршени во предвидениот рок и дали биле прекинати.

На 8 февруари, 2013 година, на веб-локацијата на ЕБОР е објавен тендер за изградба и реконструкција на регионални патишта, меѓу кои е и регионалниот пат Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница. Тендерот е отворен до 29 март, 2013 година, а според изјавите на официјалните лица, регионалниот пат Анѓелци-Вељуса треба да биде завршен до крајот на 2013 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

zp8497586rq

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Реакциите се онеспособени за овој пост