ВМРО-ДПМНЕ: Реконтрукција на железничките станици долж Коридор 10

Преку овој проект ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на дел од постојните железнички станици долж Коридорот 10, со цел модернизација на истите и овозможување поквалитетна и побрза услуга за патниците согласно со најдобрите европски практики. Ќе се воведат современи системи за сигнализација и информирање на патниците и ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на пероните, а посебно внимание ќе се посвети на луѓето со специјални потреби на кои ќе им се олесни пристапот до објектот и во него. На коридорот 10 и кракот 10д има 38 железнички станици и стојалишта, а меѓу најголемите станици спаѓаат Табановце, Куманово, Велес, Гевгелија, При-леп и Битола. Станиците што ќе се модернизираат ќе се утврдат во соработка со Европската комисија, при што во текот на 2011 и 2012 ќе се изготвуваат студија и проекти. Проектот во вредност од 6 милиони евра ќе се финансира со средства од европските ИПА-фондови и Буџетот. [Рок за завршување: јуни 2015 година]

Образложение:

Ветувањето се истражува

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција