ВМРО-ДПМНЕ: Рекреација на припадниците на армијата

Ќе продолжиме со инвестиции во капацитетите за рекреација на припадниците на армијата, нивните семејства и останатите граѓани: Во комплексот Св. Наум ќе бидат изградени бунгалови и содржини за рекреација. [Рок: 2011 – 2013] Во комплексот Крушино ќе биде извршено целосно реновирање на постојниот објект и изградба на нови дополнителни содржини. [Рок: 2014]

Образложение:

Изградбата на воените бунгалови  во близина на комплексот Свети Наум е започната во 2011 година.

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014 , во делот „Одбрана“ е наведено:

Доизградба на капацитетите за спорт и рекреација во Св. Наум и во Крушино. Во тек е реализација на проектот во Св. Наум во Охрид.Започната е реализацијата  и на проектот во Крушино, а во моментов се води имотно-правна постапка. По завршувањето на постапката ќе се продолжи со реализација на овој проект.

Според тоа, може да се констатира дека ветувањето : „Рекреација на припадниците на армијата“, е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција