ВМРО-ДПМНЕ: Реновирање на Казнено-поправниот дом Идризово и затворот Битола

Во рамки на Програмата на Владата на Република Македонија за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено-поправните установи, во текот на 2011 година ќе се изврши реновирање на: а) Петтото крило во затворениот дел на Казнено-поправниот дом Идризово; и б) Дел од објектот на Затворот Битола. [Рок: декември 2012]

Образложение:

Завршен е процесот на реновирање на Петтото крило во затворениот дел на Казнено-поправниот дом Идризово. [Ажурирано на: 29.03.2012]

Во недостиг на јавно достапни информации се обративме директно до затворот во Битола. Од таму ни беше одговорено дека досега не се преземени активноста за реновирање на дел од објектот на затворот. Овој дел од ветувањето не е исполнет. [Ажурирано на: 22.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски