ВМРО-ДПМНЕ: Реорганизација на водостопанските претпријатија и водните заедници

Ќе ги реорганизираме водостопанските претпријатија и водните заедници во насока на поставување на стабилен и одржлив систем на управување со иригациските системи. Корекциите на постојниот модел ќе вклучат измени на законите и обезбедена техничка и финансиска поддршка од страна на МЗШВ. Водостопанските претпријатија треба да го зајакнат капацитетот за планирање на инвестициите, функционирање на водочуварската служба, чистење на каналите и коритата, и наплата на побарувања од водокорисниците. Ќе се направи анализа на функционирањето на водните заедници, и следствено распуштање на нефункционалните заедници со пренесување на инфраструктурата на водостопанствата, како и промени во нивниот правен статус заради зајакнување на поголема материјална и финансиска одговорност. Ќе продолжат да функционираат, или да се формираат нови, само заедниците кои целосно ги исполнуваат условите за одржливо стопанисување со системите (планирање на инвестиции, одржување на инфраструктурата и организираност). [Рок: декември 2011 за законските измени и до 2015* за нивна имплементација]

Образложение:

Во октомври 2011 година  и во јануари и јули 2012 година, донесени се измени и дополнувања на Законот за водостопанствата и на Законот за водните заедници.[Ажурирано на: 19.04.2012]

 

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „Реорганизација на водостопанските претпријатија“ е наведено:

Реструктурирањето на водостопанските претпријатија и водните заедници е предмет на анализи на Комитетот за водостопанство формиран при Владата на Република Македонија, кој тековно работи на дефинирање на новата институционална поставеност на системот.  [Ажурирано на: 12.04.2014]

Иако се направени измени во законската регулатива, сепак поради тоа што  водостопанските претпријатија се уште немаат нова институционална поставенст, ова изборно ветување е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција