ВМРО-ДПМНЕ: Рурален туризам

Ќе продолжиме да ја промовираме Македонија како една од ретките земји во светот каде постои добро сочувана архитектура и автентичност на селата и особено нивната оригинална култура, занаетчиство и храна кои се сериозен предизвик за интензивиен развој на овие видови туризам. За таа цел веќе подготвивме рекламна кампања за македонските села и планини која се емитува на странски реномирани медиуми. Во иднина континуирано ќе работиме во следниве насоки:

  • Продолжуваме со организација на вмрежување на неколку етно-села во различни региони во Македонија (Берово, Мариово, Вевчани, Брајчино, селата од Река, Зрновци и др.), со цел промоција на обичаите на автентичните македонски села и традиционалните фармерски обичаи на чување, производство и преработка на здрава храна;
  • Развој на руралниот туризам преку користење на отворените линии од европските фондови, програмата ИПАРД за поттикнување и развој на овој вид туризам, со што ќе помогнеме да се развие инфраструктурата и да се задржи уникатноста на нашите рурални средини;
  • Изложби и промоција на етно-стилот, јазикот, музиката и културата на македонските села од различни региони на земјата;
  • Изложби и промоција на традиционалната архитектура, начинот на домување, како и компонентите на духовното културно наследство, народната уметност, ракотворбите, обичаите и фолклорот;
  • Ќе продолжиме да ги промовираме Јасен и другите наши ловишта за домашните и за странските туристи и ќе обезбедиме дополнителни локации за сите заинтересирани странски инвеститори за овој вид туризам и рекреација. За поддршка и промоција на овој сектор ќе развиеме посебна група фискални мерки;
  • Ќе го интегрираме етнолошкиот музеј со музејот кој ќе се изгради како дел од проектот „Македонско село“ над Манастирот Пантелејмон во Скопско Нерези, со што ќе создадеме можност за уникатно етнолошко претставување на Македонија.

[Рок: 2014]

Образложение:

Донесена е Стратегија за развој на руралниот туризам 2012-2017 која претставува сеопфатна
рамка за развој на руралните области во Македонија и подобрување на квалитетот на живеење на населението во овие области. Исто така во изминатиот период се работеше на промоција на ловиштето Јасен, како дел од ова ветување. Што се однесува на останатите проекти кои се дел од ова ветување се уште нема информации за нивна реализација.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Стратегија за туризам и за рурален туризам [Пристапено на: 07.04.2014]

Се повеќе се развива македонскиот рурален туризам [Пристапено на: 07.04.2014]

Топ дестинација: Ловиштето Јасен на светската мапа на ловните тур оператори [Пристапено на: 07.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција