ВМРО-ДПМНЕ: Самовработување на 3.750 лица со кредитирање до сопствен бизнис

Континуираниот успех на проектот „Кредити за самовработување“ и големиот интерес на граѓаните, нè поттикна да обезбедиме средства за самовработување на уште 3.750 невработени лица во периодот 2011-2015 година. Условите се следните:

  • 3000 евра по невработено лице и до 5 невработени лица по проект односно 15.000 евра максимум по бизнис,
  • рок на враќање 4 години од кој 1 година грејс-период и 3 години отплата со 1% годишна камата,
  • за лицата кои се од групата на стечајци, технолошки вишок или ликвидација сумата на кредит ќе биде 4000 евра,
  • со оваа активна мерка ќе се зголеми можноста сите оние невработени лица кои ќе сакаат да отворат сопствен бизнис да можат да се здружат во една бизнис идеја и заедно да добијат 15000 евра односно 20000 евра ако се стечајци, технлошки вишок или од ликвидација. Средствата се во готовина и истите можат да се употребат и за обртни сретства на новата компанија која ќе ја формираат.
  • Сопственото учество на лицата во бизнис-планот треба да биде минимум 25% од бизнис-идејата односно од бараните кредитни средства.
  • Кредитните средства се обезбедуваат со хипотека 1:1, со жиранти или со рачна залога од 2:1 од вредноста на залогата во однос на кредитните средства.
  • За учество во мерката треба да се поднесе мини бизнис-план, кој ќе треба да се изготви од апликантот или апликантите доколку се повеке од еден и истиот да се достави до службите во АВРМ кога ќе биде објавен јавниот повик за кредитирање.

Вкупниот буџет 2011-2015 година ќе биде 11,25 милиони евра:

  • за 2011 година буџетот ќе изнесува 2,25 милиони евра,
  • за 2012 година буџетот ќе изнесува 2,25 милиони евра,
  • за 2013 година буџетот ќе изнесува 2,25 милиони евра,
  • за 2014 година буџетот ќе изнесува 2,25 милиони евра,
  • за 2015 година буџетот ќе изнесува 2,25 милиони евра,

[Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Според информациите, за потребите на оваа мерка во 2012 година беа одвоени  2,5 милиони евра, додека во 2013 година е планирано да бидат издвоени околу 3 милиони евра. [Ажурирано на: 15.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014 , во делот „Македонија земја на еднакви можности“ е наведено:

Проект за самовработување со кредитирање

„Цел на проектот е на заинтересираните невработени лица кои сакаат да го легализираат својот неформален бизнис или да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат. Лицата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице со грејс-период од една година и каматна стапка од 1%. Од 2008 до 2013 година во проектот учествувале 5.219 лица и се постигнати 3.008 вработувања.“ [Ажурирано на: 04.04.2014]

Во изминатите три години се објавени повеќе огласи за самовработување со кредитирање до сопствен бизнис,така што може да се каже дека ова ветување е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. Ivan :

    me interesira dali e otpocnata raspredelbata na kreditite za ovaa godina, a ako nee koga ke pocne? Me interesira dali vlijae ako imam zemeno potrosuvacki kredit, dali toa vlijae na odobruvaweto na kreditot?