ВМРО-ДПМНЕ: Широкопојасен интернет

Ќе бидат преземени иницијативи за покренување на интересот кај донаторите, приватните компании и невладиниот сектор, преку заеднички партнерства да придонесат за зголемување на степенот на Интернет-покриеност на територијата на Република Македонија. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. [Рок: континуирано]

Образложение:

Со оглед на тоа дека во ова ветување не е јасно и конкретно назначено на кој начин и какви иницијативи ќе бидат преземени со цел да се покрене интересот кај донаторите, приватните компании и невладиниот сектор, преку заеднички партнерства да придонесат за зголемување на степенот на Интернет-покриеност на територијата на Република Македонија, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување ќе биде исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 07.05.2013]

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција