ВМРО-ДПМНЕ: Систем за информациска безбедност

vmro-dpmne-logo

Ќе воведеме систем за информациска безбедност, кој опфаќа подигнување на степенот на физичка заштита, непрекинато напојување со електрична енергија, противпожарна заштита, издвојување на мрежата за користење Интернет и регулирање на пристапот до класифицирани информации. [Рок: октомври 2014]

Образложение:

Според информациите, започнати се активностите за воведување на систем за информациска безбедност. Сепак, заради прилагодување на буџетските можности реализацијата на овој проект се пролонгира до мај 2015 година. Ова е потврдено во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 144. Со оглед на тоа дека рокот за завршување на овој проект е октомври 2014 година, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 06.04.2012]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *