ВМРО-ДПМНЕ: Систем за планирање на истражувањето во областа на земјоделството и руралниот развој

Ќе воспоставиме систем за планирање на истражувањето во областа на земјоделството и руралниот развој преку повеќегодишната програма за истражување подготвена во консултации помеѓу Министерството за земјоделство и земјоделските истражувачки институции. [Рок: мај 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ни беше одговорено дека ваков систем не е воспоставен. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.11.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција