ВМРО-ДПМНЕ: СМС за купување билет за јавен превоз

Премиерот Никола Груевски Фото: скриншотage: City of Skopje

Купување на автобуска картичка или возен билет со испраќање смс-порака. При проверка, повратниот код се покажува на возачот или на контролорот. Ќе се надгради постојниот систем за плаќање на електронска таксена марка. Надлежни институции: Министерство за информатичко општество и администрација и Јавно сообраќајно прет- пријатие Буџет: 500.000 денари [Рок на реализација: декември 2014]

Образложение:

На 11 ноември 2015 година во медиумите имаше информација за новиот систем за наплата во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, каде, меѓу другото, е наведено:

Со новиот систем на наплата, патниците ќе можат да плаќаат и телефонски со повикување на бројот 185, со доближување на мобилниот телефон до валидаторот и преку СМС [Пристапено на: 05. 01.2016]

На 18 декември 2015 година беше соопштено дека

од 1 јануари ЈСП ќе ги поскапи билетите за сите оние кои дотогаш нема да извадат електронски картички, па така еден билет купен во автобус ќе чини 60 денари, наместо досегашните 35 денари. Можноста за купување билет за 30 денари во билетара ќе биде укината. Другата опција за оние кои нема да имаат електронска картичка ќе биде плаќањето со смартфон и така едно возење ќе чини 40 денари.[Пристапено на: 05. 01.2016]

По реакциите во јавноста кои ги предизвика новиот ценовник за билети во ЈСП, кој требаше да важи од 1 јануари 2016 година, Град Скопје го повлече предлогот . А со тоа се одложи и воведувањето на услугата билет да се плаќа со СМС порака.

Имено, на 19 декември 2015 година (само еден ден откако беше објавен предлогот), градоначалникот Коце Трајановски  на прес-конференција соопшти дека  останува да важи актуелната цена за билетот – 35 денари.

 Ви кажав дека се намалува. Тој предлог не важи, важи цената од 35 денари. Сакаме да бидеме електронски, сакаме да одиме со мобилни телефони кои го поклопуваат целиот свет, меѓутоа сакаме во готово да плаќаме. Во ред, останува 35 денари (од 0,30 до 0,45 минута од видеото)

На истата прес-конференција директорот на ЈСП, Игор Јанушев рече:

Купувањето со пари може да се направи само кај возачите и може да се користи само за едно патување. Сите останати билети ќе бидат електронски и ќе бидат запишани на електронската картичка (од 0,46 до 0,58 минута од видеото) [Пристапено на: 05. 01.2016]

Од ова може да се заклучи дека изборното ветување „СМС за купување билет за јавен превоз“, не е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Владо Ѓорчев

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција